Австрискиот скијач Винсент Крихмаер ја освои својата прва победа во Светскиот куп во алпско скијање. Тој вчеравечер триумфираше во супервелеслалом на патеката во американскиот скијачки центар Бивер Крик.
26-годишниот Австриец трката ја заврши за 1:09.71 минута и за прв пат се искачи на највисокото место на пиедесталот. Досега, Крихмајр имше три подиуми – две втори и едно трето место.
Норвежанецот Кетил Јансруд заврши на второто место со 23 стотинки побавно време, Ханс Рајхакт од Австрија беше трет.
Во генералниот пласман лидер е Јансруд со 225 поени, пред Крихмаер со 158 поени и Аксел Лунд Свиндал со 145 поени.