Пред полна сала, актерите на Македонскиот народен театар, вечерва ја одложија претставата „Ничија земја“.
Целиот актерски тим излезе пред присутните во МНТ и извинувајќи и се на публиката соопшти дека во знак на протест за притворот на нивниот колега, Владо Јовановски, претставата нема да се одигра.
По ваквата одлука, публиката ја напушти салата, а подоцна на социјалните мрежи го критикуваа ваквиот став и побараа доколку сакаат да протестираат да излезат пред судот каде што се протестите. Во МНТ имало околу 600 гледачи.
Претставата „Ничија земја“ е по сценарио на Данис Тановиќ и Александар Морфов. Во неа играат Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Камка Тоциновски, Марија Кондовска.
Со одлука на Врховниот суд, актерот Владо Јовановски место куќен пртвор, доби 30 дена притвор во Истражниот затвор „Скопје“, поради учество во „крвавиот четврток“ во Собранието на 27 април.