А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Јеремиќ: Груевски пере пари преку српската влада

by А1он01/12/2017 - 20:0001/12/2017 - 20:01348
Share0

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ ги повика државните органи да ги истражат врските помеѓу челниците на фирмата која што ја купи фабриката „14 Октомври“ со, како што кажа, поранешниот македонски режим.

Следете a1on на Instagram Instagram

Јеремиќ изјави дека не се точни тврдењата на СНС дека е пронајдени стратешки партнер за „14 Октомври“, што беше во стечај од јануари 2016 година, кога фирмата беше проценета на околу 48 милиони евра.

Тој тврди дека чешката компанија „Чехословак груп“ во октомври оваа година преку белградската фирма СЦМГ ја купила само централната на фабриката за четири милиони евра и тоа со директна спогодба, без јавна лицитација. Јеремиќ воедно побара и да се истражат врските помеѓу Војислав Спаравало, директорот на СЦМГ и поранешниот македонски режим.

– Само е украден имотот, отпуштените работници не се вратени на работа, изјави Јеремиќ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој наведе дека според законот, директните спогоди во купопродажбата важат само за посебни случаи и додаде дека „специјално во овој случај е што оваа година во Македонија беше соборен диктаторскиот и длабоко корумпиран режим на братот близнак на Вучиќ, Никола Груевски“.

– Луѓето од тој режим, а пред се Сашо Мијалков, поранешниот шеф на тајната поиција и десна рака на Груевски, панично започнаа да ги извлекуваат парите стекнати преку коруптивна работа во Македонија и да ги пласираат преку разни шеми, преку рајски острови, Холандија, а со случајот „14 Октомври“ и преку Чешка, изјави Јеремиќ.

Тој кажа дека во Македонија се спроведува сериозна истрага во која што учестуваат и меѓународни органи против Мијалков и други луѓе од поранешниот македонски врв и повика истражување на случајот „14 Октомври“.

gruevskijeremicsrbija

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он10/10/2026 - 12:4710/10/2026 - 12:49

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он08/10/2026 - 14:00

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 00:2504/10/2026 - 11:11

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 04:31

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 12:0701/10/2026 - 12:17

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео