Поради вербалната војна помеѓу Доналд Трамп и британската премиерка Тереза Меј, американските дипломати се откажале од организирањето на работна посета на Трамп на Велика Британија.
Според „Дејли телеграф“, Трамп планирал да го посети Лонодн во јануари за да ја отвори новата американска Амбасада, а оваа посета биле планирана на пониско ниво во однос на државната, бидејќи не била планирана средба со кралицата Елизабета Втора.
– Идеја за посета очигледно има, но не во декември и не во јануари. Не би ја очекувал посетата на Трамп во јануари, вели неименуван дипломатски извор за весникот.