Твитер вреди 11 милијарди долари

Од:

Пазарната вредност на микроблог -сервисот Твитер е проценета на 11 милијарди долари, наведе аналитичарот на инвестиционата компанија Гринкрест Капитал Мак Волф.

Во јули минатата година, Твитер вредеше осум милијарди долари, а за зголемувањето на вредноста на компанијата според Вулф, придонеле неколку фактори пред се, растот на бројот на корисниците, како и новите инстрмуенти на монетизација.

Покрај тоа, на пораст на цената на Твитер влијаеле и гласините дека ќе ја купи компанијата Епл.

Кон средината на декември централата на Твитер соопшти дека оваа мрежа има 200 милиони активни корисници.

Би можело да ве интересира

Гардијан се повлекува од X мрежата на Маск, вели дека станала „токсична“

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск

Нови проблеми со платформата X

Македонија има најбрз интернет во регионот