Поради обилните врнежи што го зафатија централното градско подрачје, се состана Кризниот штаб на општина Центар.
На состанокот со кој раководеше командантот на Кризниот штаб Петар Милетиќ, констатирано е дека нема излевања на улиците кои припаѓаат на територијата на општината.
Штабот ќе ја следи состојбата и ќе се интервенира доколку има потреба. За се што се случува на терен, граѓаните может да се јават на следните телефонски броеви:
078223065-Петар Милетиќ- командант на Кризниот штаб
070 274 911-Дарко Гиговски-началник на Кризниот штаб