Во Куманово распишан конкурст за избор на сувернир за Куманово

Од:

Општина Куманово по втор пат распишува конкурс за избор на сувенир на градот и ги покани заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција, стои во соопштението на прес-службата на општината.

Конкурсот се распишува врз основа на програмата за општа туристичка пропаганда.

Сувенирот треба да ги содржи елементите на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде прилгоден за производство, и туристичка промоција на Куманово.

Крајниот рок за доставување на сувенирот е 20 декември. Во рамки на конкурсот ќе биде доделена и награда во вредност од 30.000 денари. Сувенирот треба да се достави до општината, а комисија која за таа цел ја формираше општината ќе одлучи врз основа на предвидените критериуми.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони