Претставени најновите засилувања на Вардар СЦБТ

Од:

Женскиот ракометен клуб Вардар СЦБТ на денешната прес-конференција ги претстави последните две засилувања. Промовирани беа бразилската интернационалка Да Роча и Бегоња Фернандез која е од Шпанија.

– Проектот силен Вардар подготвен за повисоки европски резултати со вклучувањето на овие две ракометарки станува се пореален. Со нив имаме поголеми шанси да ја освоиме шампионската титула во домашното првенство и постепено да го вратиме женскиот ракомет на европската сцена, рече директорот на Вардар СЦБТ, Гордана Нацева.

Тренрот на вардарки Индира Кастратовиќ во новите две имиња доби големи засилувања и поради тоа беше многу задоволна.

– Со вакви засилувања со искусни ракометарки и докажани на меѓународната сцена ние сме фаворити за освојување на титулата. Со максимално залагање на засилувањата, како и на останатите ракометарки верувам дека ќе дојдат вистинските резултати, изјави Кастратовиќ.
Бразилската репрезентативка Дајане Пирес Да Роча потпиша шестмесечен договор, игра на позицијата лево крило. Во ЖРК Вардар СЦБТ доаѓа од редовите на бразилскиот шампион Методиста Сао Бернандо.

Бегоња Фернандез ќе го носи дресот со број 28, игра на позицијата пикерот, репрезентативка е на Шпанија, а во својата клупска кариера има настапувано за шпанските екипи Валенсија, Елда Престихио и Итчако, а во ЖРК Вардар СЦБТ дојде по половина сезона мината во српскиот првак, Зајечар.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ