ФОТО: Се излеа Вардар во Скопје

Од:

По обилните врнежи од дожд во Скопје, реката Вардар се излеа од коритото на повеќе места.

Фотографиите кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека Вардар е излеан спроти МНТ, кај Скејт паркот и кај Влада.

Од УХМР известуваат дека изминативе 24 часа врнежите од дожд ги зголемија водостоите на сите водотеци во земјата, а особено покачување се бележи на водотеците од западниот дел на земјата.

Според податоците од терен најголеми промени на водостојот се бележат на река Радика-Бошков Мост, река Сатеска – Ботун и река Вардар – Јегуновце.

Според најавата на УХМР не очекуваат и понатака обилни врнежи од дожд, па соодветно на тоа на територијата на Република Македонија ќе продолжи покачувањето на водостоите на сите водотеци. Најголеми покачувања се очекуваат во западните и југозападните делови од државата, северните, а во текот на наредните 24 часа и на останатиот дел од државата.

Поради високите водостои на одредени критични места можна е појава на излевање на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска, Вардар – горен тек, како и нивните притоки. Поради тоа, Центарот за управување со кризи предупредува на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

Би можело да ве интересира

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања