Недев избран во бордот на директори на светската карате федерација

Од:

Вчера на генералното собрание на светската карате федерација ИТКФ, Дејан Недев беше избран за нов член во бордот на директори на највисокото тело на ИТКФ.

Ова е големо признание и успех како за Дејан така за Македонија и македонското карате, затоа што за првпат Македонија ќе има свој преставник на вака висока позиција во ИТКФ.

Досегашниот претседател на ИТКФ Ричард Јоргенсен од Канада се повлече, а за нов претседател на ИТКФ беше избран и назначен Џилберто Гартнер од Бразил.

За претседател на техничката комисија на ИТКФ е избран Ричард Јоргенсен, а меѓу останатите 5 членови на оваа стручна комисија е и Венцислав Недев.

Исто така покрај другото на состанокот беше одлучено да Венцислав и Дејан Недев во иднина бидат официјални преставници и преговарачи на ИТКФ со Меѓународниот олимписки комитет.

Од утре па се до недела во Монтекатини, Италија ќе се одржат натпреварите на Обединетиот светски шампионат во традиционално, модерно и контактно карате, а Македонија ќе ја преставуваат 10 натпреварувачи.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје