Новата интерконтинентална балистичка ракета на Северна Кореја може да погоди цели што се наоѓаат на растојание од 13.000 километри и доколку биде истрелана од соодветен агол, би можела да стигне до Вашингтон, соопшти Јужнокорејската војска.
Министерството за одбрана на Јужна Кореја наведува дека сепак е нејасно дали ракетата Хвасон-15 може да се користи за борба против одредени цели.
Според експерти, неопходно е да бидат направени дополнителни оценки, за да се процени дали ракетата ќе издржи повторно влегување во атмосферата, дали може да биде прецизно насочена и да предизвика планирана експлозија.