Дачиќ: Нема стабилен Балканот ако САД не најдат минимум заеднички интерес со Србија

Од:

На Балканот нема да има стабилност доколку САД не изнајдат минимум заеднички интерес со Србија, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за државната телевизја РТС.

Во изјавата, дадена по средбата на министрите за надворешни работи од Западен Балкан со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Херберт Рејмонд Мекмастер во Вашингтон, Дачиќ нагласи дека САД „имаат некоја своја политика и нив ги интересира руската политика на Балканот“.

Српското Министерство за надворешни работи соопшти дека целта на средбата на Мекмастер со шефовите на дипломатиите од балканските земји била „САД да покажат дека сакаат стабилност и напредок на сите во регионот“, при што истакнале „подготвеност за интензивирање на соработката“.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски