Меј: Не се плашам да го критикувам Трамп кога греши

Од:

Британската премиерка Велика Британија, Тереза Меј смета дека споделувањето на видеата од екстремно десничарската група на Твитер профилот на Доналд Трамп е погрешно.

Таа изјави дека не се плаши да упати критика на сметка на клучните сојузници.

Доналд Трамп вчера на неговиот Твитер профил сподели три видеа од исламистичко насилство, првично објавени од Џејда Франсен, лидерка на антимигрантската група „Британија на прво место“.

– Фактот дека ние работиме заедно не значи дека се плашиме да кажеме кога сметаме дека САД погрешиле и да бидеме многу јасни кон нив. Многу сум јасна, кога велам дека преобјавувањето (на објавата) на Британија на прво место беше погрешен потег, изјави Меј.

Таа сметка дека потегот на Трамп е погрешен и дека антиисламската и антиимигрантската група е организација која мрази и која е во контраст со нормалната британска учтивост.

Доналд Трамп на овие критики одговори дека Меј треба да се фокусира на тероризмот во Велика Британија.

– Тереза, немој да се фокусираш на мене, фокусирај се на деструктивниот радикален исламистички тероризам што се случува во Велика Британија. Нам ни е добро, напиша Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски