Собраниската седница за имунитетот на шестмината пратеници закажана за утре на пладне

Од:

За утре во 12 часот е закажана 25. седница на Собранието на Република Македонија на која што ќе се расправа за одземање на имунитетот на шестмината пратеници осомничени од Судот за настаните од 27. април.

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери ја закажа седницата по денешната одлука на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања за симнување на имунитетот на шестмината праници од коалциијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски и Сашо Василевски.

На собраниската седница за симнување на имунитетот потребно е да гласаат 61 пратеник.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител