МИОА и Велика Британија потпишаа меморандум за соработка

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Гарет потпишаа Меморандум за соработка помеѓу владите на Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Министерот Манчевски му се заблагодари на Амбасадорот Гарет за помошта и експертизата што ја обезбедува Владата на Обединетото Кралство како особено важна за процесот на реформа на јавната администрација, потенцирајќи дека Обединетото Кралство е еден од најголемите стратешки партнери на Македонија.

Амбасадорот Гарет истакна дека новиот проект е во насока на подобрување на функционирањето на јавната администрација. Велика Британија ќе ги сподели своите искуства, се со цел овозможување на професионална државна служба која непристрасно, отворено и отчетно ќе работи за доброто на граѓаните.

Со потпишувањето на овој Меморандум, започнува имплементацијата на проектот: „Модернизација и трансформација на јавната администрација“, со буџет од 248. 830 фунти. Проектот ќе се спроведува до март 2018 година, со можност за продолжување и во следните години.

„Во рамките на нашето министерство веќе е формиран тим којшто ќе работи на имплементација на проектот, заедно со претставниците на Центарот за управување со промени, како и со претставниците на Генералниот секретаријат како институција која ќе биде учесник во проектните активности˝, истакна министерот Манчевски.

Основна цел на новиот проект е поддршка во реформата на јавната администрација, при што реализацијата ќе се спроведува во тесна соработка со МИОА и други релевантни инстутуции. Самите активности поконкретно се поделени во 4 компоненти, како што се: стратешко планирање и годишни работни планови на министерството, управување со човечки ресурси, подобра регулатива и проценка на влијанието на регулативата и отворена влада- што се однесува на транспаретноста и отчетноста како едни од основните столбови на политиките на владата.

Би можело да ве интересира

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче