Охридскиот регион ќе добие пристап до железничка мрежа со проектот за изградба на пругата Кичево – граница со Албанија, во должина од 63 километри.
Проектната и тендерската документација е подготвена, а во наредниот период од меѓународни кредитори ќе се бараат потребните 500 милиони евра колку што е проценетата вредност.
На денешната презентација на проектната документација, изготвена со 7,7 милиони евра од ЕУ, беше соопштено дека рутата на пругата е од Кичево низ планините до регионот на Мешеишта, од каде минува покрај Струга каде што ќе биде главната станица по што ќе продолжи кон западниот дел на Охридското Езеро, ќе минува низ Радожда и ќе се поврзе со границата со Албанија кај населеното место Лин.