16 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден

Од:

Тринаесет лица биле полесно повредени во седум од вкупно 16 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во девет била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Тринаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и пет возачи поминале на крстосница на црвено светло. Од сообраќај биле исклучени шест лица кои го управувале возилото со истечена важност на сообраќајната дозвола. Затекнати биле 87 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 82 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Вера Јоциќ“ во општина Гази Баба. Ќе се одржи и сообраќајна поука за возачи кои сториле прекршоци по разни основи.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ