Вооружените крадци кои користат пушки или друго тешко оружје во Грција можат да добијат доживотна казна затвор ако бидат осудени. Ова се предлага во промената на казнениот закон кој Министерството за правда планира да ја поднесе до Парламентот во наредните денови, јави дописникот на МИА од Атина.
Реформата е одговор на Владата на серијата насилни грабежи извршени од напаѓачи вооружени со калашникови и друго автоматско оружје, воглавно купени на црниот пазар по ниски цени.
Сегашниот закон предвидува десетгодишна казна затвор за осудените во такви случаи.
Бројот на вооружени грабежи во Грција нагло се зголеми во последните две години, особено во Атина и во другите големи градови.