Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, заедно со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон, денеска, во Струга, ќе го отвори дводневниот Форум „Децентрализизацијата повторно во фокус”, на кој ќе присуствуваат градоначалниците на сите 80 општини.
Конференцијата ќе се одржи во хотел Изгрев-Струга, со почеток во 16.00 часот.
На Конференцијата ќе учествува претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.