Над 15 милијарди долари илегално изнесени од Хрватска во последните десет години

Од:

Во последните десет години од Хрватска илегално се изнесени најмалку 15,2 милијарди долари, тврдат финансиски експерти од американската невладина организација Глобал фајненшл интегрити, јави хрватската национална телевизија ХРТ.

Станува збор за пари поврзани со разни криминални активности како корупција, организиран криминал, шверц, затајување данок и перење на пари.

Според Глобал фајненшл интегрити овие средства можело да останат во земјата доколку државните институции си ја вршеле подобро работата и ако постоело законската рамка, со која се регулира конфискувањето илегално заработени пари и спречување тие да бидат изнесени во странство.

Глобал фајненшл интегрити е програма на американскиот Центар за меѓународна политика, кој се занимава со истражување на илегалните движења на финансиски средства и препорачува мерки за борба против корупцијата.

Би можело да ве интересира

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите