Ирскиот премиер Лео Варадкар денеска изјави дека е постигнат напредок по прашањето за границата со Велика Британија по британската напуштање на Европската унија.
Прашањето на границата меѓу Република Ирска и британската област Северна Ирска се претвори во една од главните пречки во преговорите за Брегзит меѓу Велика Британија и ЕУ, по што Владата во Даблин се закани дека ќе го блокира евентуалниот договор доколку не биде задоволна со договореното.
– Редно е да се каже дека е постигнат одреден напредок, но во оваа етапа тој е недоволен. Работите се менуваат од ден во ден, изјави Варадкар.