Британската премиерка Тереза Меј денеска пристигна во прва посета на Ирак, каде што се сретна со нејзиниот ирачки колега Хајдар ал Абади.
– Ќе продолжиме да му помагаме на Ирак во разни области, изјави Меј по средбата.
Во Ирак се стационирани околу 600 британски војници, како дел од меѓународната коалиција за обука на ирачката Армија и борба против групата Исламска држава (ИД).