Османи: Поддршка за големите инфраструктурни проекти значи поддршка за европските перспективи на Република Македонија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален ИПА координатор (НИПАК), заедно со неговиот колега, Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев го предводеа координативниот министерски состанок на Националниот Инвестициски Комитет.

На почетокот на состанокот Вицепремиерот Османи изрази благодарност на донаторите за учеството и интересот за донирање на средства за проектите.

Состанокот беше одржан со цел да се разгледа Единствената листа на проекти, т.е. беа разгледани и потенцијалните проектни предлози кои се зрели за поднесување и ги задоволуваат барањата на Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан во согласност со ЕУ Агендата за поврзување (т.н. „конективити агенда“) и Програмата за работа на Владата 2017-2020.

Посебен акцент на овој состанок беше ставен на проектот за изградба на новиот автопат Гостивар -Кичево, дел од Коридорот VIII, прва фаза од изградбата на автопатот Букојчани -Кичево во должина од 13 KM како и на проектот за реконструкција на автопатот Крива Паланка –граничен премин Деве Баир – Република Бугарија, дел од Коридорот VIII во должина од 13 KM.

„Наша обврска е да испорачаме што е мошно поголема апсорпција на средствата предвидени за инфраструктурно и енергетско поврзување на земјите од Западен Балкан. Тоа е основа за поголема меѓусебна соработка, побрз економски развој, но и најдобар начин за премостување на политичките разлики и затворање на отворените прашања меѓу соседите“ – истакна Османи на состанокот, потенцирајќи ја важноста на реализацијата на фондовите на Европската Унија за Македонија.

Вицепремиерот Османи истакна дека историскиот период во кој се наоѓаме на патот кон европската интеграција, во кој Македонија мора да направи исчекор при имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9, поддршката за големите инфраструктурни проекти значи поддршка за европските перспективи на нашата земја.

Националниот инвестициски комитет (НИК) е советодавно тело во кое на транспарентен начин се рангирани стратешки инфраструктури проекти. Ова тело е формирано со цел подобро да се планираат проектите, да се одредува нивниот приоритет и да се распределуваат средствата за транспортната инфраструктура и енергетска поврзаност на земјата со земјите од Западен Балкан во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски