Кинеската амбасадорка се сретна со градоначалникот Филип Темелковски

Од:

Градоначалникот Филип Темелковски денес, во просториите на Општината, оствари средба со амбасадорот на НР Кина во Република Македонија, г-ѓа Јин Ликсиан, како и со претставници од амбасадата.

Упатувајќи му честитка за именувањето на функцијата, амбасадорката пројави желба да се информира за функционирањето на општината.

Од страна на градоначалникот Темелковски беше запознаена со специфичностите на општината и нејзините основни обележја. Беше информирана за планираните проекти од кои дел се во соработка со Градот Скопје кои имаат за цел да ги подобрат условите за живеење на жителите во овој дел на градот.

Посебен интерес амбасадорката изрази и за функционирањето на градинките и училиштата, бидејќи и претходно НР Кина и Општина Кисела Вода имаа соработка во областа на образованието. Градоначалникот Темелковски ја изрази својата благодарност за придонесот на НР Кина, од што произлезе, новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ „Рајко Жинзифов“, симбол на кинеско-македонското пријателство”.

Заеднички дискутираа за продлабочување на соработката и областите каде што би можела таа да биде остварена.

Средбата беше заокружена со желба за понатамошна успешна работа и соработка.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода