Националната галерија на Македонија соопшти дека изложбата „Есенција на егзистенцијата“ која завчера беше отворена во Националната галерија на Косово во Приштина предизвикала особен интерес кај јавноста.
На изложбата учествуваат 20 македонски современи уметници, а ја курираа тројца кустоси на НГМ – Ана Франговска, Горанчо Ѓорѓиевски и Маја Чанкуловска-Михајловска.
– Со ова прво официјално претставување на македонската уметност во Косово се потврди воспоставувањето на плодотворната билатерална соработка помеѓу двете соседни држави Македонија и Косово и двете национални галерии, соработка која ќе се негува и продлабочува и во иднина, информира НГМ.
Изложбата ја отвориле директорките на националните галерии на двете земји – Арта Агани и Дита Старова-Ќерими а се обратиле и заменик-министерката за култура, млади и спорт на Косово Бурбиќе Бакија Дева и државниот секретар за култура на Македонија Валон Адеми.