Политичката криза во Либан заврши и премиерот Саад Харири ќе остане на функцијата, изјави денеска либанскиот претседател Мишел Аун во интервју за италијанскиот весник „Стампа“.
– Кризата ќе биде конечно решена во следните денови, посочи Аун пред посетата во Рим, додавајќи оти Харири „со сигурност“ ќе остане премиер.
Тој истакна дека завршиле консулктациите со сите политички партии во Владата и надвор од неа.
– За тоа има целосна согласност, истакна Аун.