Општина Куманово ќе бара решение за подобрување на условите за работа во подрачното училиште „Христијан Карпош“, сместено во населбата „Иго Тричковиќ“. Ова го најави, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски при денешната посета на училиштето, лоцирано во населбата позната меѓу кумановски како „Пуковско“.
Димитриевски се надева дека со поддршка на Советот и надлежното Министерство за образование и наука, како и преку апликација на проекти ќе успеат да обезбедат средства за реконстркција.
– Овде имаме сериозни проблеми во делот на имотно-правните односи, за училишниот двор не е целосно комплетиран, има парцели на приватни лица кои во догледен период ќе се обидеме во постапка за можна замена или евентуална експропријација на земјиштето да ги докомплетираме парцелите и да направиме целосна училишна инфраструктура онака како што доликува на сериозна и делумно развиена населба како што е „Иго Тричковиќ“, изјави Димитриевски.