Во Штип трибина за подигнување на свеста кај ромската популација за превентивна здравствена заштита

Од:

Ослободување или минимално плаќање партиципација за сите социјално загрозени семејства од ромска популација, е едно од барањата кои треба да влезат во националната стратегија за здравство. Голем дел од Ромите поради немање здравствено осигурување не можат да си ја обезбедат потребната терапија, беше истакнато на трибина во Штип за подигање на свеста кај ромската популација.

Трибината е во организација на Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, а се реализира со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ.

Кристина Плечиќ – Беќарова од Асоцијацијата вели дека голем дел од Ромите немаат свој матичен лекар, а поради нивната не информираност не можат да си ги остварат своите основни права покажуваат досегашните истражувања.

– Овие трибини ги организираме на локално ниво со цел да ја подигнеме свесноста кај ромското население за важноста на остварување на правата од здравствена заштита, важноста за информирање, но и да си побараат информација кај луѓето што се одговорни за да им дадат услуга, конкретно од областа на здарвството, посочи Плечиќ – Беќарова.

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски во своето обраќање на трибината истакна дека како локална власт даваат поддршка на невладиниот сектор.

– Давам поддршка на ваквите трибини кои имаат за цел подигнување на свеста кај луѓето, не само кај Ромската популација, туку воопшто кај сите етнички заедници, со цел подобро здравство и општество кое се грижи за сите заедници. Ние како локална самоуправа работиме на идниот буџет во кој ќе бидат предвидени средства за инфраструктурата за ромската заедница, што е само еден сегмент од подобрување на условите за живот во градот, рече Бочварски.

Во наредниот период покрај подигнување на свеста за важноста на превентивна здравствена заштита ќе се работи и на зголемување на бројот на вакцинирани деца.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски