ОБСЕ, МВР и Општина Гостивар, спроведуваат заеднички проект „Кажи НЕ на говорот на омраза”

Од:

ОБСЕ и Отсекот за превенција при СВР Тетово, во соработка со општина Гостивар, започнаа со спроведување на превентивно-едукативниот проект „Кажи НЕ на говорот на омраза”.

Со овој проект ќе бидат опфатени учениците од прва година од четирите општински средни училишта во Гостивар кои посетуваат настава на албански, македонски и турски јазик.

„Проектот ќе се спроведува во текот на оваа недела и следниот месец, а во негови рамки ќе се одржат предавања од посебни обучени полицискли службеници од областа на подобрување на разбирањето меѓу учениците од различна етничка припадност”, информира г-ѓа Аслијан Снопче – раководител на Одделението за образование при Општина Гостивар.

По завршувањето на предавањата, ќе се распише литературен конкурс на тема „Живеј во хармонија со другите”, додека делата кои ќе бидат прогласени за најдобри, ќе бидат претставени на специјална изложба која ќе има за цел да ја подигне свеста кај младите луѓе за значењето на толеранција и почит во етнички мешаните средини.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи