Во текот на викендот непознат сторител извршил тешка кражба во храмот „Света Злата Мегленска“ на влезот во село Сарај, при што сторителот го украл црковното ѕвоно (камбаната) која тежи повеќе од 160 килограми.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.