Непосредно пред пристигнувањето на францускиот претседател Емануел Макрон две маскирани лица фрлиле граната врз автомобил на француската армија во Уагадугу, главниот град на Буркина Фасо.
– Две лица со качулка, движејќи се на мотор, околу 20 часот по локално време, фрлија граната врз автомобил на француската армија, што се движеше кон касарната на француските специјални сили во Буркина Фасо.
Во инциденот повредени биле тројца локални жители.