Во пукањето кое што попладнево се случи во менувачница во Кисела Вода две лица загинале, а едно е повредено.
Двајца напаѓачи влегле во менувачница во Кисела Вода и го нападнале сопственикот, по што тој извадил пиштол и пукал кон нив. Разбојниците се обидувале да ја ограбат менувачницата и се заканувале со огнено оружје и физички го нападнале сопственикот.
Сопственикот на менувачницата бил однесен во болница поради повредните кои ги заработил од нападот на разбојниците.
Како што претходно објавивме, истата менувачница била ограбена пред неколку години, кога при грабежот со огнено оружје бил ранет и сопственикот Гоце Ангелески.
Виктор Јованов