Само 24 отсто од Каталонците сакаат да продолжат со борбата за независност, а 71 отсто сметаат дека подобро е да се оди на договор со централната Влада на Шпанија, покажуваат резултатите од анкетата објавена денеска во „Ел паис“.
Резултатите се добиени од телефонска анкета на 1.800 испитаници од 20 до 22 ноември со маргина на грешка од 2,4 отсто.
Каталонија прогласи независност по референдумот одржан на 1 октомври, по што Мадрид го распушти каталонскиот парламент и распиша нови избори на 21 декември.