Затворени седум обложувалници во Скопје и Тетово

Од:

МВР и УЈП затворија и пломбираа седум спортски обложувалници во Скопје и Тетово, а ќе бидат поднесени и кривични пријави против повеќе лица.

Како што соопшти МВР, по претходно добиени сознанија Министерството во соработка со Управата за јавни приходи, реализирале акциска контрола во осум спортски обложувалници, две во Скопје и шест во Тетово. Од извршените контроли во осум објекти само еден од нив поседувал лиценца за работа во село Боговиње-тетовоско. Во останатите седум од полицијата е констатирано дека тие работеле нерегуларно, заради што од страна на УЈП издадени се Решенија за забрана за приредување на игри на среќа во деловна просторија во рок од 30 дена, по чл.151 ст.6 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Од објектите, полицијата одзела 70.500 денари, 305 евра, 100 швајцарски франци, тикети за уплата, билтени, како и опрема од 39 телевизори, 21 куќиште за компјутери, 19 монитори за компјутери, 11 принтери за тикети, три ресивери за телевизија, три принтери и читачи на баркодови, два апарати за трки на кучиња и друго.

Во рамките на овие активности биле извршени и два претреси во куќа и стан. Биле откриени и запленети компјутерска опрема, принтери за тикети, бланко обрасци за уплата на спортски натпревари, писмена евиденција на лица кои уплаќале спортски натпревари, носители на електронски податоци…

Би можело да ве интересира

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

А1он

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Лозово

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР го најде скопјанецот коњ влечеше кон врзан за автомобил, треба да одговара за „мачење животни“

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници

Кривична за 10 специјалци на МВР кои незаконски добивале пари

Горан Наумовски

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници