Крводарителска акција во УЈП

Од:

Вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) денеска даруваат крв во пресрет на одбележувањето на „Денот на даночниците“ во рамки на Програмата за општествена одговорност.

Во активностите се вклучени над 130 даночници кои ќе даруваат крв на 15 пункта во центрите за дарување во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Куманово и Кочани.

– Под мотото „Капка крв спасува живот“ низ цела Македонија колегите од Управата за јавни приходи даруваат крв со цел да го покажеме нашиот хуманитарен пристап, изјави директорката на УЈП Соња Лукаревска која ги посети крводарителите во пунктот во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.

Како што информира Васе Недановски, претседател на Синдикалната организација на УЈП, во просек годишно од оваа институција има 150 пријавени крводарители.

Би можело да ве интересира

Собрани 38 единици крв во трите крводарителни акции во Тетовско неделава

Во Битола одбележан македонскиот ден на крводарителите и Црвен Крст на Македонија

Ана Ололовска

Во Велес собрани 112 крвни единици во крводарителска акција на МК „Носачи на крстот“

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод Денот на општина Илинден

Ана Ололовска

Крводарителска акција во чест на загинатиот полицаец Волкановски

Ана Ололовска