ВМРО-ДПМНЕ организира протест пред Владата против притворот на Едмонд Темелко

Од:

ВМРО-ДПМНЕ вечерва повикува на протестен собир кој би започнал во 19 часот пред Владата, по одлуката за продолжување на притворот на градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко за нов 30 дневен притвор.

Образложението е дека Темелко е со нарушено здравје и продолжувањето на притворот може да биде фатално за неговиот живот. За ВМРО-ДПМНЕ одлуката за притвор е резултат на политички притисоци и нема никаков основ за продолжување на притворот кој преминува во казна наместо мерка за обезбедување на осомничениот.

Според најавите протестот ќе продолжи кон судот.

Освен за притворот на Темелко, протестот е насочен и против кобните политики на СДСМ како двојазичноста, затворените од 27 април, договорот со Бугарија и, како што најавуваат, тоталната распродажба на Македонија.

Би можело да ве интересира

На Едмонд Темелко му се слоши, одложено рочиштето за „Титаник“

Сандра Бошковска

Укинати притворите на Едмонд Темелко и Оливер Поповски

Ана Ололовска

Врховен суд: Апсењето на Едмонд Темелко било законско

Ана Ололовска

Куќен притвор за Едмонд Темелко

Наум Локоски

Заев: Имам грижа на совест за притворот на Едмонд Темелко

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Кога хунтата на СДС се изживува врз Едмонд Темелко, Владата ќе ослободи осудени за тешки криминални дела

Ана Ололовска