Започна расправата за избор на нов државен јавен обвинител, гласањето пред Нова година

Од:

Почна расправата во Собранието за избор на нов државен јавен обвинител. За предлогот на Владата, Љубомир Јовески, да биде нов државен јавен обвинител, пријавени за дискусија се 38 пратеници, откако Собранието претходно расправаше за измени на други закони. Претседателот на Собранието Талат Џафери ја продолжи денешната седница и по 18 часот.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, од собраниската говорница рече дека има преголема моќ во Обвинителството и без да се утврди контролен механизам и да се направат реформи во Јавното обвинителство, предлогот за избор е избрзан. Димовски потсети на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше отфрлен јавниот обвинител да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието.

Со оглед на фактот што од понеделник во собраниска процедура влегува буџетот за 2018 кој вкупно треба да трае повеќе од 18 дена, се очекува новиот државен јавен обвинител да биде избран дури пред Нова година.

Јовески е актуелен член на Советот за јавни обвинители. Дипломирал право во 1978 година со просек 6,42. Тој има 15 години искуство како судија, и 12 години искуство како јавен обвинител. Член на Советот на јавни обвинители е од 2015 година. За заменик јавен обвинител на Јавното обвинителство на РМ е избран во 2003 година, а од 2009 година е избран за јавен обвинител без ограничување на траење на мандатот. Работи како судија од 1987 година, а во 1995 и 1996 година е заменик на претседателот на судот. Четири години бил и претседател на суд како и претседател на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски