Египет ќе гради споменик за жртвите кои загинаа во најголемиот напад во историјата на земјата, извршен вчера во џамија во градот Ариш, каде што загинаа 305 лица, од кои 27 беа деца.
Претседателот на Египет, Абдел Фатах ас Сиси најави дека семејствата на загинатите ќе добијат финансиска помош по 11 илјади долари.
Засега никој нема преземено одговорност за нападот, а во понеделник египетскиот Парламент закажа вонредна седница на која ќе се расправа за нападот.