ВИДЕО: Димовски го критикува носењето закони во скратена постапка, Тунтев се брани дека веќе било дискутирано за предлозите

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски забележа на Владата и на пратеничкото мнозинство за носењето на закони по скратена постапка.

– Дел од законите се зголемување на прагот за плаќање на придонеси и имаат содржинска измена, рече Илија Димовски и нагласи дека пратениците на СДСМ биле гласни критичари на скратената постапка.

– СДСМ реагираше и правеше главна тема за носењето закони по скратена постапка. Ви ја разбирам позицијата, но ве потсетувам дека различно настапуваше СДСМ кога беше во опозиција, вели Димовски и им порача на пратениците од СДСМ да се спротивстават на ваквото однесување на Владата и некогаш ако треба да гласаат и против некој закон доколку е поднесен по скратена постапка.

Кооридинаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, истакна дека за три од седумте закони веќе било дискутирано уште кога тие ги предложиле како опозиција.

– Во скратена постапка одат законите за кои што веќе имало дискусија. А другата група на закони, од сферата на финансиите и социјалната заштита се за одложување на законските решенија. Ние како пратеничка група сме против разгледување на закони во скратена постапка, изјави Тунтев и нагласи дека овие закони се донесени од претходното парламентарно мнозинство и излегуваат во пресрет на граѓаните за овозможување на практична примена.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски