Можно е Велика Британија да ја напушти ЕУ без претходно да се постигне договор за идните трговски и други односи, со таканаречен „тврд Брегзит“, предупреди Бојко Борисов.
Борисов е еден од првите лидери на ЕУ кој што јавно најави неспогодбено напуштање на Британија на ЕУ.
– За жал, се почесто се спомнува таа можност, дека нема да успееме да се договориме. Јас ова не го кажувам во име на ЕУ, или во име на бугарското претседателство со Европскиот Совет, и не сакам да бидам погрешно разбран. Но, тоа е моето чувство, изјави Борисов за порталот Еурактив.
Тој смета дека сите премиери во ЕУ се чувствуваат исто и дека ЕУ се уште не е подготвена за заминување на Британија.
Лондон и Брисел спорат за повеќе прашања, а пред се за статусот на државјаните на членките на ЕУ по Брексит, меѓусебната трговија и границата меѓу Британија и Ирска.