Бројката на загинати во вчерашниот напад на џамија во Синај во Египет достигна 305 лица, од кои 27 се деца, извести ДПА.
Египетските власти соопштија дека 25 до 30 исламисти, вооружени со бомби и автоматско оружје ја нападнале џамијата. Напаѓачите вееле и црно знаме на Исламската држава за време на нападот.
Во Египет е прогласена тродневна жалост за загинатите, а египетската армија со дронови ги пронајде и ликвидираше терористите.