Бразилскиот претседател Мишел Темер имал успешна операција во Сао Паоло, откако лекарите му вградиле стент на три артерии. Тој ќе остане хоспитализиран уште неколку дена за да се внимава на неговото здравје по зафатот.
Претходно во октомври, Темер (77) се оперираше и од простатата.
Операцијата за отстранување на проблемите со срцевите артерии Темер ја планираше во октомври, но беше одложена поради парламентарните постапки против него за корупција. Тие беа отфрлени во Парламентот.