Повредено лице во судар на воз и автомобил

Од:

Лицето Р.Ј.(66) од тетовското село Стримница се здобило со телесни повреди откако воз удрил во автомобилот „Фиат пунто“ во кое тој бил совозач. Возилото било управувано од неговиот брат, Н.Ј.(57).

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски сообраќајната несреќа се случила денеска во 13 часот и 30 минути на железничкиот премин кај фабриката „Тетекс“, на патот за тетовското село Фалише.

– Патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево налетал и удрил во автомобилот „Фиат пунто“ при што возачот поминал без повреди, додека совозачот со телесни повреди бил префрлен во Тетовската клиничка болница каде е задржан на лекување. Полицијата извршила увид и работи за расветлување на поединостите како се случила сообраќајката, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип