Борисов против нуклеарната енергија

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека ќе побара од членовите и симпатизерите на неговата десно ориентирана партија ГЕРБ на референдумот за изградба на втората нуклеарна централа во земјата, закажан за 27 јануари, да гласаат „против“.

Борисов во интервју за телевизиската станица ТВ7 истакна дека раководството на партијата ќе им даде упатства на членовите на партијата на референдумот да одговорат со „не“.

Борисов се залага за изградба на нови реактори во постоечката централа „Козлодуј“ и за зголемување на капацитетите на двата реактори, кои во моментов се активни во нуклеарката.

Референдумот го иницираше социјалистичката опозиција, откако во март минатата година Владата на чело со Борисов го поништи договорот со руската компанија „Атомстројекспорт“ за изградба на нова нуклеарна централа во местото Белене во северозападна Бугарија, која би имала моќност од две ијлади мегавати.

Одлуката на „Атомстројекспорт“ да ја тужи официјална Софија пред Меѓународниот арбитражен суд во Париз за отштета од една милијарда евра ја принуди бугарската Влада подоцна да најави дека би можела повторно да го покрене проектот, но како приватна инвестиција.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски