Специјален сателит ќе ги штити од пирати грчките бродови

Од:

Специјален сателит ќе ги штити грчките бродови од пиратски напади ширум светот, пишува грчкот весник „Етнос“.

Сателитот е од грчко производство и се очекува да биде лансиран во орбитата од НАСА од военовоздухопловната база Кејп Канаверал во САД во текот на летото следната година. Целта на сателитот е исклучиво комуникациска, додава весникот.

Инициајтор на оваа амбициозна програма е грчкиот астрофизичар и професор на универзитетот Сен Хозе во Калифорнија Периклис Пападопулос. Сателитот, кој е наречен „Ламбсат“ го изработуваат десет грчки научници, кои работат на универзитети, ширум светот. Проектот е со вредност од сто илјади долари, а средствата се собираат преку донации.

Сателитот ќе ја обиколува Земјата и во реално време ќе дава информации за локацијата на сите грчки трговски бродови. Според Пападопулос сателитот ќе дава корисни информации за движењето на бродовите, кои се под закана од пиратски напади, особено во африканското крајбрежје.

Последниот инцидент со грчки брод се случи на почетокот на октомври минатата година покрај Брегот на Слоновата Коска. Грчкиот танкер „Орфеј“ беше преземен од пирати, кои испумпаа 32 тони бензин од него.

– Нема да имаме улога на крајбрежна стража, полиција или војска. Не можеме да се мешаме и да ги спасуваме бродовите и екипажот. Ние ќе понудиме мала помош со тоа што ќе ја даваме точната локација на бродот и доколку се увиди некоја опасност, ќе бидат испратени спасувачки екипи, изјави Пападопулос.

Според податоците на Европскиот парламент во 2011 година пиратите нападнале 163 бродови и заробиле 470 морнари, од кои 15 се убиени. Според африканските власти сомалиските пирати од напади на бродови годишно од откупи заработуваат над 150 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски