Во Виница презентирани резултатите од проектот „Партнерство за добро владеење“

Од:

Здружението на граѓани „ИНИ“ од Виница денеска ги објави резултатите од шестмесечното истражување на проектот „Партнерство за добро владеење“.

Со него на увид на јавноста се дава квалитетна база на податоци за 11-те општини од Источниот регион, од областа на економијата, финансиите, стапката на невработеност, јавните набавки во општините, здравството и животната средина.

– Од неколку компаративни анализи кои ги направивме можеме да го заклучуваме дека помалите општини, како Чешиново-Облешево, Карбинци и Зрновци освен редовно вработените, не ангажирале друга работна сила по основ на Законот за работни односи, што не е случај со останатите општини. На пример општина Пробиштип во 2013 има 52 редовно вработени, а дури 96 со договор на дело, изјави претседателот на „ИНИ“ Тодор Цонев кој ги презентираше резултатите.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски