Се санираат ударните дупки по улиците во Неготино

Од:

Се санираат ударните дупки по улиците во Неготино, неготинскиот градоначалник Тони Делков денеска информираше дека во изминатиот период откако дошол на функција, имало бројни поплаки поради оштетени возила како последица токму на дупките по улиците.

– Започнавме со подготовката на теренот за санација на дупките, а обезбедени се и околу триесет тони асфалт. Сево ова е резултат од остварените контакти со граѓаните во изминатиот период. Ова беше еден од приоритетите посочен од нивна страна. И покрај сите проблеми кои ги имавме во овој период со блокирани сметки, започнавме со санацијата, соопшти тој.

Се започна со улицата „Маршал Тито“, а ќе се продолжи со „Браќа Миладиновци“ и голем дел од приклучните улици. Делков изрази надеж дека во наредниот период сите ударни дупки од улиците ќе се санираат. Во меѓувреме ќе се утврдуваат клучните улици каде е неопходно целосно асфалтирање.

– Мора да се изнајдат начин и средства за реализација на активностите во делот на патната инфраструктура која е главниот крвоток на општината. Програмите за работа за наредната година се веќе спремни и следува седница на Советот на општина на која ќе бидат усвоени, додаде градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски