Изложба на ДЛУМ „Поместени граници“

Од:

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер од 20 часот во галеријата „КО-РА“ во Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе ја отвори изложбата „Поместени граници“.

На изложбата ќе бидат претставени дела од авторите: Тања Балаќ, Ирена Паскали, Ангел Миов, Исмет Рамичевиќ, Горан Менков, Сергеј Дамовски и Христијан Санев.

– Граница е нешто што сугерира на статичност и постојаност, додека Поместување наговестува неминовно движење, можеби, но не и со сигурност конфликтно, во секој случај поместување од динамичка природа. Идејата на бришење на линијата која современиот ликовен медиум го дели од класичната ликовна уметност, со појдовна точка од концептуалното размислување, наидува на конвенционален творечки пристап, па затоа целта на овој проект е да и се прикаже на пошироката публика новиот аспект на актуелното ликовно истражување, соопшти ДЛУМ.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски