ВМРО-ДПМНЕ: Половина година голгота за пациентите со ретки болести

Од:

„Половина година СДС е на власт. Половина година голгота за пациентите со ретки болести.

Власта се однесува крајно неодговорно кон пациентите со ретки болести, кои со доаѓањето на СДС на власт се соочуваат со недостаток на лекови.

Пациентите болни од ретките болести како цистична фиброза, скапите лекови се принудени да ги набавуваат од странство на сопствена сметка, додека оние кои немаат средства да ги набават овие скапи лекови се оставени да преживуваат без нив.

Скандалозно е Министерството за здравство во 21 век да не може да обезбеди нормален дотур на медикаменти неопходни за животот на луѓето болни од цистична фиброза.

Власта си поигрува со животите на болните.

6 месеци здравството е во хаос. Нема лекови ни за биолошко лекување на рак, кои пациентите исто така се принудени да ги снабдуваат приватно.

Во здравството владее општ хаос, а нема никаква реакција од владата. Владата и е побитно да се задолжува за една милијарда евра и да ги пренасочува средствата за зголемување на патните и дневни расходи, отколку здравјето на луѓето.

Заменикот министер Гоце Чакаровски и државниот секретар Владимир Милошев од СДС исто така молчат и не превземаат ништо во насока на помагање на нашите сограѓани болни од овие болести.

Владата, министерството за здравство, како и Чакаровски и Милошев мора да сносат одговорност за ова неодговорно однесување и поигрување со животите на болните од ретки болести“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО