Современите искуства во третманот на комуналниот отпад од Ерфурт ќе бидат имплементирани и во Прилеп

Од:

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски престојуваше во службена посета на градот Ерфурт на покана на локалните власти, со цел размена на искуства во сферата на депонирањето на комуналниот отпад.

Експертите за адекватен третман на комуналниот отпад ги презентираа практичните решенија во „SWE Stadtwirtschaft GmbH“, „TUS GmbH“ и„B & R GmbH“.

„Се запознав со работата на комуналните претпријатија, со сите фази на третманот на отпадните води, сè до конечната фаза-производство на енергија. Станува збор за практични современи решенија, кои што сметам дека треба да бидат имплементирани и во општина Прилеп, поточно во работата на комуналните претпријата. Во таа насока, експерт на градот Ерфурт следната година, најдоцна до мај, ќе биде наш гостин. Размената на искустватаи имплементацијата на современите методи на работа во комуналната сфера ќе го доближат Прилеп до европските урбани средини.Тоа е моја главна заложба“, изјави градоначалникот Јованоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница